Глумецот Јовица Михајловски, познатиот чичко Кумплунг од легендарниот македонски филм „Самоуништување“, со сцена од филмот се сети на времето кога го глумеше култниот лик по кој и денес го знаат многу генерации. „Лошиот од Бушавата азбука“, како што некои го нарекуваат, во видеото што го сподели на Инстаграм, ги опцу и политичарите и мерцедесите.
„28 години ништо не е сменето. Ајде остај ме, гледаш дека бистрам политика“, вели тој, исто како и во филмот.
Михајловскиво 1996 година го глумеше чичко Кумплунг во еден од најпопуларните домашни филмови. Оваа улога според многумина е најдобрата во неговата кариера.
Популарниот глумец повеќе од 35 години е вработен во Драмски театар Скопје. Тој глумел во претставите „Сомнително лице“ од Нушиќ, „Дупло дно“ од Горан Стефановски, „Солунски патрдии“, „Грев или шприцер“ и други.
Текстот (Видео) Чичко Кумплунг пцуе исто како пред 23 години е превземен од Reporter.mk.