Хрватскиот фудбалер Ведран Чорлука вчеравечер дојде на Рабац, познато туристичко место на Истра, во близина на Пула. Со бакљи и музика, Чорлука со брод пристигна на малиот плоштад каде беше организиран негов пречек. Од Рабац е неговата девојка Франка Бателчиќ, со која ќе се жени годинава. Затоа и дојде вчера тука, каде стотици љубители на фудбалот, туристи, мештаните и деца го пречекаа возбудени, откако во понеделникот помина спектакуларниот дочек во Загреб.
Вистинско уживање, еуфорија, се пееја навивачки песни, додека Чорлука им фрлаше топки со негов потпис на насобраните фанови, им се потишуваше на дресовите. „Рабачки зете, рабачки зете“, ечеше низ туристичкото место. Чорлука качен на бина се заблагодари за дочекот, се фотографираше со децата и за ќеф се возеше со возот кој е туристичка атракција на Рабац.
Доаѓањето на Рабац е заради неговата девојка, пејачката Франка, која е од тука и ова е трет дочек за хрватскиот фудбалер, по оној во Загреб на плоштадот Бан Јелачиќ, а потоа и во неговото загребско маало каде беше дочекан како херој. Франка и Ведран се подолго време во врска. Таа ја претставуваше Хрватска на Евросонг, а со Чорлука за годинава најавија и свадба.
Александра Георгиев
Текстот (Видео) Чорлука зете ечеше на Рабац, хрватскиот фудбалер дојде на Истра е превземен од Reporter.mk.