Пет години откако на „Роса Фест“ ја испеа баладата „Животе мој“, фолк-пејачот Далибор Даки Ѓошиќ сними спот за песната. Во видеото, кое го сними „Арт продукција“, се појавува и синот на пејачот, Стефан.
„Оваа песна, иако е за прв пат отпеана пред речиси пет години години, најверојатно поради нејзиниот текст и емоциите, сè уште добива убави коментари од љубителите на нашата народна песна. Ме радува фактот што публиката ја бара оваа моја балада и што конечно за неа снимивме спот“, вели Далибор.
Во ова видео Далибор првпат се појавува со својот бенд, кој од сега ќе го придружува на сите негови настапи.
Текстот (Видео) Далибор Ѓошиќ сними спот за песна стара пет години е превземен од Reporter.mk.