(Видео) Дани низ времето

Поп-пејачката Дани Димитровска го промовираше спотот за песната „Време“, која ја пееше на „Макфест“ во Штип. Песната е балада. Музиката и тескот е на Весна Малинова, а аранжманот на Киро Бабамов. Спотот го режираше Чедо Поповски, а сниман е на повеќе локации. Видеото е најва најава за концертот на Дани, за 20 години кариера, кој ќе се одржи во Македонската филхармонија на 7 март. На сцената при изведбата на рок-симфонијата ќе ја придружува филхармониски оркестар под диригентсво на Бисера Чадловска. Влезниците веќе се пуштени во продажба преку продажните мрежи на Mktickets.mk и Karti.com.mk.

Текстот (Видео) Дани низ времето е превземен од Reporter.mk.