Македонскиот поп-пејач Даниел Данн го отпеа големиот хит на Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“ на фестивал на народна музика во Нови Пазар, Србија.
„По покана на луѓето од Србија со кои соработувам направив кавер верзија на една од моите омилени македонски песни. Настапив во живо со оркестар кој беше составен од врвни музичари од цел Балкан. Изминативе години често настапувам надвор од Македонија и иако сум поп-пејач сите овие „етно“ настани ми се особено драги бидејќи луѓето навистина ја сакаат нашата музика, а јас уживам да ја изведувам“, рече Даниел за „Репортер“.
„Земанфест“ традиционално го организираат етно музичари од Сараево. Фестивалот секојпат се одржува на различна локација, а годинава беше во склоп на културното лето на Нови Пазар.
(А.Ј)
Текстот (Видео) Даниел Данн препеа песна од Пепи Бафтировски е превземен од Reporter.mk.