(Видео) Даниел Данн преработи хит на „Дупер“

Поп-пејачот Даниел Данн го преработи хитот на „Дупер“, „Не сум твој тип“. Песната, во малку поинаков аранжман, ја промовираше вчера. Ова, вели тој, ќе биде прва од десетте преработки на популарни македонски песни што ќе ги направат тој и неговиот бенд додека се во изолација.

„Во време кога настапите ни се откажани, со мојот бенд решивме на овој начин да ја изразиме нашата креативност. Музицирајќи во домашен амбиент успеавме да направиме дело со кое се надеваме дека ќе придонесеме за доброто расположение на сите. Песните што ќе ги преработиме, се дел од моето шоу Hit the Hits, кое изминативе години активно го пласирам пред македонската публика. Овој пат тематиката е ‘карантин и чил’“, ни откри Даниел.

Освен Даниел, во неговиот бенд членуваат и Александар Кипровски, Миле Наумовски, Дарко Јовановски и Лазар Соколов. Тие, веќе работат на следната песна.

„Периодов додека сме дома, преку видео чет се поврзуваме со момците од бендот и имаме проби, подготвуваме и нови песни за да го збогатиме репертоарот за новата сезона. А при крај е и снимањето на втората преработка, што ќе ја промовираме до крајот на оваа недела“, раскажа Данн.

Тој неодмна за „Репортер“ изјави дека не е о изолација, туку секојдневно оди во болницата „8 септември“, каде што работи веќе шест години.

Текстот (Видео) Даниел Данн преработи хит на „Дупер“ е превземен од Reporter.mk.