(Видео) Девојка доби песна и бакнеж од Чола на аеродром

Пејачот Здравко Чолиќ по одржаниот концерт во Херцег Нови, на аеродромот во Подгорица на една од вработените  ѝ ја отпеа песната „Моја драга“, а потоа ја бакна во образ.

Среќната девојка по име Маја, вели дека не можела да го сокрие воодушевувањето кое ѝ го приредил пејачот.

„Здраво Чолиќ одржа концерт во Херцег Нови, а вечерва на аеродромот во Подгорица ѝ пееше на наша Маја! Еден е Чола“, пишува на снимката на социјалните мрежи.

Преку снимката која сè рашири на социјалните мрежи, пејачот ги освои симпатиите ѝ доби пофални коментари поради неговиот гест. Големиот број фанови напишаа дека со ваквиот потег Чола докажал зошто важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот.

 

Текстот (Видео) Девојка доби песна и бакнеж од Чола на аеродром е превземен од Reporter.mk.