Голем број на холивудски ѕвезди се најдоа погодени од огнената стихија која ја погоди Калифорнија. Целиот град Перадајс, во кој живеат 27.000 жители целосно е уништен, а бројот на мртви постојано расте.
Десетина илјади луѓет биле принудени да ги напуштат своите домови, а меѓу нив се наоѓаат и голем број на познати личности меѓу кои и Ким Кардашијан, Кејтлин Џенер, Џерард Батлер, Вил Смит и Алиса Милано.
На социјалните мрежи некои од нив како Џерард Батлер и Кејтлин Џенер споделија фотографии од нивните уништени имоти кои ги фатила огнената стихија.
Џерард Батлер сподели фотографија на која се гледаат остатоците од неговата вила.
„Се вратив во мојата куќа во Малибу по евакуацијата. Срцекршачки моменти во Калифорнија. Јас сум им благодарен на пожарникарните служби. Фала на храброста, жртвеноста и позитивниот дух“, напиша Батлер.
Returned to my house in Malibu after evacuating. Heartbreaking time across California. Inspired as ever by the courage, spirit and sacrifice of firefighters. Thank you @LAFD. If you can, support these brave men and women at https://t.co/ei7c7F7cZx. pic.twitter.com/AcBcLtKmDU
— Gerard Butler (@GerardButler) November 11, 2018
Вил Смит исто така беше еден од загрозените во пожарот. Актерот се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека ќерката била таа која му го спасила животот.
„Ќерката нервозна ме натера да излезам надвор. Ова беше страшно. Ние сме подготвени за евакуација и само чекаме наредба. Ако сте во зоната за евакуација, веднаш бегајте“, напиша Смит на социјалните мрежи и доби пораки за поддршка ширум светот.
Актерката Кејтлин Џенер, личноста која го промени полот и е татко на Кајли и Кендал Џенер кој го промени полот, се огласи по пожарот во кој му изгоре вилата. Таа порача дека таа, нејзината девојка Софија и двете кучиња се безбедни.
„Многу сме среќни што сме тука и се молиме за сите загрозни. Излеговме од зоната на пожарот и сега сме на сигурно. Се надеваме дека сите сте безбедни со своите семејства“, порача Кејтлин и Софија.
Алиса Милано исто така беше една од погодените во страшниот пожар во Калифорнија.
„Коњите конечно се на безбедно. Моите деца се безбедни. Мојот дом е сеуште во загрозената зона, но сите живи суштества се на сигурно. Ви благодарам на сите на брзината“, напишала Милано.
Таа редовно се огласува на социјалните мрежи, а последно што споделила со јавноста е дека и понатаму во безбедната зона.
Horses are finally safe. My children are safe. My home is in jeopardy but… everything with a heartbeat is safe. Thank you all for your concern.
To those who insisted on still being hurtful because our political affiliation is different, you are what is wrong with the country.
— Alyssa Milano (@Alyssa_Milano) November 9, 2018
Текстот (Видео) Домовите на Џерард Батлер и Вил Смит уништени во пожарот во Калифорнија е превземен од Reporter.mk.