Претседателот на САД, Доналд Трамп, е главен кандидат во трката за најлош сопруг во светот. Тој досега не се покажа како идеален сопруг и не престанува да изненадува со своите однесувања кон сопругата Меланија.
За време на неговиот престој во Флорида, новинарите го прашале што ѝ купил на Меланија за Божиќ.
„Тоа е тешко прашање. И земав убава честитка и многу љубов“, одговорил Трамп и признал дека сеуште работи и мисли на божиќниот подарок.
Со овој одговор многумина во САД, го сместија на врвот на листата за најлош сопруг во светот.
Многумина коментираат дека двајцата ретко кога изгледаат блиску и заљубено. Ретко кога се допираат, а во повеќе наврати сме ја виделе Меланија како одбива да му подаде рака. Неодамна Трамп тргна да се качи во хеликоптерот, забравајќи на Меланија и на тоа дека треба да ја почека.
Во Америка традиција е за Божиќ, најрадосниот христијански празник, да му се подари подарок на некоја драга личност, било да е тоа и ситница, па оттука ретко кој помислил дека Трамп може да заборави да ја израдува Меланија за божиќните празници.
Трамп подоцна потсети дека тој и неговата сопруга, без разлика на сè и понатаму се сакаат.
„Ние се сакаме во семејството. Имаме одличен однос и се надевам дека и вие исто така имате ист однос со своите сопружници. И понатаму се радувам на божиќните подароци. Има уште малку време. Нема многу, но има време“, изјавил Трамп.
Ова не е првпат претседателот да заборави да купи подарок за Меланија. Минатата година кога првата дама наполни 48 години, претседателот изјавил дека ѝ купил само честитки и цвеќе, затоа што бил премногу зафатен.
„Подобро да не го споменуваме тоа, затоа што можам да западнам во невоља“, изјавил Трамп.
Трамп и Меланија подоцна им посакаа на сите Американците среќен Божиќ.
„Претседателот и јас сакаме на секој Американец да му посакаме среќен Божиќ“, изјави во видеото првата дама на САД, кое било снимено во Белата куќа.
Wishing you all a very #MerryChristmas! May your day be filled with peace, love and happiness! pic.twitter.com/yE6Vejihfo
— Melania Trump (@FLOTUS) December 25, 2019
„Упатуваме посебна молитва за оние припадници на воената служба, кои се стационирани далеку од дома и повторно изразуваме надеж за мир меѓу народите и радост во светот“, истакнала Меланија во пораката.
Доналд Трамп и сопругата за бадниковата вечер присуствуваа во баптистичка црква, а потоа празникот го прославија со вечера во салата во еден приватен клуб на Флорида.
За време на бадниковата вечер, Трамп преку телефонски видео-повик, поразговарал со група војници стационирани во Авганистан, Кувајт, Аденскиот залив и припадниците на „Ер Форс“ во Мисури и крајбрежната стража на Аљаска.
Ги пофали за нивните напори во борбата против последниот калифат на Исламската држава и убиството на нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдадиј.
Исто така ги истакнал економските успеси во САД и најави раст на платите на војниците по Нова година.
Текстот (Видео) Доналд Трамп кандидат за најлош сопруг во светот е превземен од Reporter.mk.