(Видео) „Дупер“ промовираат трета песна

По „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“, македонскиот бенд „Дупер“ промовира нова песна „Ние сме 2“. Песната е комплетно авторско дело на членовите на бендот: Борис Какуринов, Мартина Баракоска и Илчо Нечоски. Се снимаше во студио „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а видеото го режираше Томи Акимовски.

„Дупер“ пред неколку месеци потпишаа договор за соработка со „Авалон продукција“. Тие се прославија лани, со првата песна „Не сум твој тип“, која има повеќе од 1,6 милиони прегледи на Јутјуб.

Текстот (Видео) „Дупер“ промовираат трета песна е превземен од Reporter.mk.