Еден од најпопуларните актери на светот, Двејн Џонсон, познат под надимакот „Карпата“, ја изненадил својата мајка со подарокот за Божиќ.
Поранешниот кечер на својата мајка и купил куќа, а моментот на нејзината радост двејн го снимил и го постирал на Инстаграм.
„Поради ова се чувствувам така добро. Изненадување! И купив на мојата мајка нов дом за Божиќ. Додека растев со моето семејство живеевме во мали станови, патувавме и постојано се селевме. Првиот дом во кој моите родители навистина живееја беше куќата која им ја купив во далечната 1999 година. Се разведоа по пет години, а како што е вообичано, работите малку се компликуваа. Од тој момент се решив секогаш да се грижам за моите родители“, напишал Двејн Џонсон.
„Секогаш говорев дека добар човек може да стане само оној кој зад себе има добра мајка. Драго ми е што и јас сум еден од оние среќници кои можат да направат вакво нешто“, навел Џонсон.
Текстот (Видео) Двејн Џонсон ѝ купил куќа на мајка си за Божик е превземен од Reporter.mk.