(Видео) Џафер на проба пред „Златна бубамара“, ќе добие награда за трајни вредности

Пејачот Мики Јовановски – Џафер годинава ќе ја добие наградата за трајни вредности на „Златна бубамара на популарноста“. Тој вчера имаше проба со оркестарот со кој ќе настапи, а дел од атмосферата, додека ја пееше „Сонци за три светови“, на „Фејсбук“ сподели Ранко Петровиќ, сопственикот на радио „Бубамара“.

„Од вечерашната проба и дружење – Ја имам само ноќва да бидам ја со неа. Да се предадеме на пеење и забава. Трајни вредности и ѕвездено небо за Мики Јовановски – Џафер“, напиша Ранко покрај видеото.

Од вечерашната проба и дружење – Ја имам само ноќва да бидам ја со неа🎸❤️🔥🔥☀️ Да се предадеме на пеење и забава😉 Трајни вредности и звездено небо за Мики Јовановски Џафер

Gepostet von Ranko Petrovik am Sonntag, 17. Februar 2019

Иако сценариото за манифестацијат секогаш се чува во тајност, од тимот на „Златна бубамара на популарноста“ уште пред неколку недели открија дека наградата за трајни вредности годинава ќе му ја доделат на Џафер.

„На овогодишното 22. издание наградата за трајни музички вредности ќе ја добие поп-рок пејачот Мики Јовановски – Џафер. Оваа престижна награда е потврда за музичкиот  траен печат што тој го остави за љубителите на поп и рок-музиката. „Лага и измама“,„Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“ и „Сонце за три светови“, се дел од песните кои ги отпеа Џафер“, открија од тимот на „Златна бубамара“.

„Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 21 февруари. Годинашното мото е „Да се предадеме“.

Текстот (Видео) Џафер на проба пред „Златна бубамара“, ќе добие награда за трајни вредности е превземен од Reporter.mk.