Најбогатот човек на светот Џеф Безос на Менхетен купил три стана за вкупна цена од 80 милиони долари. Иако неговата компанија „Амазон“ се откажа од седиштето во Њујорк, сепак Безос одлучил да се стационира таму.
Трите стана заедно, односно пентхаусот и двата ката под него, имаат 12 спални соби и простор со повеќе од 1600 метри кавдратни. Трикатниот пентхаус има пет спални соби, 6 купатила и одвоен седмособен апартман.
Вториот кат на пентхаусот има дневна соба која води до балконот од речиси 500 квадрати, додека на самиот врв се наоѓа таканаречената опсерваторија, односно, соба опкружена со стаклени ѕидови, а излегува на балкон со поглед на северниот, источниот и јужниот дел на Менхетен.
Иако Безос за пентхаусот платил 58 милиони долари, кога истиот е ставен на пазарот на крајот на 2017 година, тој чинел 73,8 милиони долари. Дополнителните два стана шефот на „Амазон“ ги платил вкупно 28,5 милиони долари.
Но, бидејќи Безос според Блумберговиот индекс на милијардери тежи 108,3 милијарди долари, а пред околу година дена стана и најбогатиот човек на светот, како што пренесуваат светските медиуми за него купувањето на двата стана и пентхаусот било ситница.
Текстот (Видео) Џеф Безос го покажа луксузниот пентхаус на Менхетен е превземен од Reporter.mk.