Откако поранешниот бејзбол-играч Алекс Родригез ѝ купи „порше“ од 140.000 долари за 50. роденден на Џенифер Лопез, таа му подари персонализиран олдтајмер од 200.000 долари. Џенифер на својот свршеник му купи џип „форд бронко“. Автомобилот е од 1976 година, со винтиџ изглед, но, сепак, автомобилот е опремен со модерна технологија, клима, грејачи на кожените седишта, задна камера. Луксузниот ентериер вклучува и изгравиран број „13“ помеѓу седиштата, во чест на неговиот дрес.
Текстот (Видео) Џеј Ло на свршеникот му подари олдтајмер од 200.000 долари е превземен од Reporter.mk.