Светската глумица Џенифер Анистон вели дека има два мобилни телефони, од кои едниот од нив го користи исклучиво само за „Инстаграм“. Актерката минатата недела отвори профил на социјалната мрежа и за кратко време го собори рекордот на бројката на пријатели.
„Одлучив да набавам два мобилни. Еден ќе биде во мојата канцеларија и кога ќе посакам да одам на „Инстаграм“, ќе го користам тој“, изјавила Анистон.
Актерката во рок од една недела успеа да собере над десет милиони пријатели. Таа изјавила дека на почетокот не сакала да направи „Инстаграм“, затоа што сметала дека ќе и одземе премногу време.
„Сметав дека и без „Инстаграм“ имам многу работи во животот кои ми одземаат многу време. Но, среќна сум што сега имам „Инстаграм“. Ми се чини забавно и добро ме пријамија другите“, изјавила Џенифер, која вели дека не сака премногу да им дава на значење на негативните коментари.
„Секогаш ќе има луѓе кои ќе кажат нешто лошо. Само испратете им добри мисли“, изјавила Џенифер.
View this post on Instagram
I swear I didn’t mean to break it… Thank you guys for the kind, glitchy welcome ❤️
Текстот (Видео) Џенифер Анистон: Еден мобилен користам само за „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.