Глумицата Џенифер Анистон, која се прослави со улогата на Рејчел Грин во „Пријатели“, изненади неколку обожаватели на серијата. Како дел од шоуто на Елен Деџенерис, таа дојде во кафулето „Централ перк“, што сè уште постои со својот оригинален изглед во студиото на „Ворнер брос“. И додека фановите се сликаа како пијат кафе на познатата софа Џенифер им скокаше од зад грб за да ги исплаши и изненади.
Инаку сетот на кафулето „Централ перк“ е едно од неколкуте места што го посетуваат фановите на серијата. Тоа беше омиленото место за кафе на Џои, Моника, Рос, Рејчел и Фиби. Сетот од кафулето е дел од редовната филмска тура што ја организира „Ворнер брос“. Со неа луѓето можат да видат сценографии од различни серии и филмови и да се сликаат на некои од нивните омилени локации.
Текстот (Видео) Џенифер Анистон ги плаши фановите на „Пријатели“ е превземен од Reporter.mk.