Светската ѕвезда Џенифер Лопез го прекина концертот во Мајами за да му го честита роденденот на својот вереник, Алекс Родригез. Таа го повика на сцената поранешниот безбол играч, а потоа нејзините 11-годишни близнаци, Макс и Ема, и неговите ќерки Наташа и Ела на бината донесоа торта и му запеаја „Среќен роденден“. Со нив пееше и публиката на концертот.
По концертот, Џенифер го објави видеото на „Инстаграм“ и му порача дека го слави неговото постоење секој ден. „Ти си мој ураган, мој мир среде бура“, напиша таа на видеото.
По шоуто, Џенифер му подготви роденденска забава на која беа неколку заеднички пријатели. Три дена претходни, Џеј Ло го прослави својот 50. роденден, а од Алекс за подарок доби црвено „порше“.
Текстот (Видео) Џенифер Лопез го прекина концертот за да му го честита роденденот на Алекс Родригез е превземен од Reporter.mk.