(Видео) Џенифер Лопез ужива во карантин, син ѝ ја послужува и заедно танцуваат

Светската пејачка Џенифер Лопез поради опасниот коронавирус се наоѓа во карантин во нејзиниот дом во Њујорк. Таа сними видео и ги наговорила сите членови од семејството да снимат семеен танц и да го објават на „Тик Ток“. На тој начин ќе се забавуваат по дома.

Лопез вели дека ужива во времето кое го минува со синот. Тој постојано ѝ угодува и ја послужува исто како да е во ресторан, вели пејачката. Таа преку социјалните мрежи ги повика сите да останат дома додека се спречи ширењето на опасниот вирус.

Друштво на Лопез и прави и нејзиниот свршеник поранешната бејзбол ѕвезда Алекс Родригез и нејзините други две деца Ема и Макс, кои ги доби од бракот со пејачот Марк Ентони. Тука се и Наташа и Ела децата на Алекс од неговиот претходен брак.

@jloWhen the whole fam agrees on a TikTok🥰

♬ Something New feat. Ty Dolla $ign – Wiz Khalifa

Шестчленото семејство вели дека ужива на разни начини за да го помине времето. Најмногу поминува на социјалните мрежи и објавуваат разни видеа. Велат дека обожаваат да се дружат, да играат игри, а особено да танцуваат. Затоа извежбаа посебен семеен танц кој го снимија и го објавија на „Тик Ток“.

Тие ги воодушевија сите пријатели со нивните точки, а ги предводеше Алекс. На крајот кореографијата ја заврши Лопез. Вели дека требало поприлично да се потруди за да ги собере сите да се снимаат.

„Моментот кога целото семејство ќе се согласи на „Тик Ток“ видео“, напиша Лопез под објавата.

Пред неколку дена таа објави видео со кое ги насмеа фнаовите. Затоа што не излегува никаде поради забраната, таа се пофали дека услугата и во нејзиниот дом е на врвно ниво како да е во ресторан. Нејзиниот син се вози на ховерборд и ги послужува со свежи пијалоци.

„Не можеме да излеземе во ресторан, но услугата и забавата која ја имаме тука е еднакво добра“, напиша Лопез на социјалните мрежи.

 

Текстот (Видео) Џенифер Лопез ужива во карантин, син ѝ ја послужува и заедно танцуваат е превземен од Reporter.mk.