(Видео) Ѕвезденото небо и вечерва свети за Тоше, емоции и солзи на концертот во Скопје

Со песната „Игри без граници“, пуштена на видео-бим, со многу емоции, насмевки и солзи, почна вечерашниот концерт во чест на Тоше Проески. Фановите во еден глас го пееја хитот на починатиот пејач, а некои од нив заплакаа додека го правеа ѕвезденото небо во преполната арена „Борис Трајковски“.  Голем број фанови од Македонија и регионот, со слики од Тоше во рацете, се собраа за да се сетат на Проески и да ги слушнат неговите најголеми хитови.

Први на сцената излегоа Огнен Здравковски и Денис Димоски кои ја испеаја песната „Лагала нас мала“, што Тоше ја пееше дует со Тони Цетински. По нив настапија Александра Јанева, па Александар Тарабунов и Антониа Гиговска.

На концертот кој почна со половина час задоцнување, ќе настапат голем број македонски и балкански музичари. Вечерва ќе се промовира и албумот Secret Place со досега необјавени песни на Тоше. На концертот ќе настапи и внукот на Тоше, Кристијан. Тој ќе ја испее песната We Are Blood, негова прва песна.

Тамара Тодевска

Група „Фрајле“

 

Огнен Здравковски и Денис Димоски во изведба на „Лагала нас мала“

 

Наум Петрески

Даниел Кајмаковски

Бојан Маровиќ

Каролина Гочева

Владо Калембер

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески во изведба на Secret place

Борис Новковиќ

Љубиша Владимиров

 

Текстот (Видео) Ѕвезденото небо и вечерва свети за Тоше, емоции и солзи на концертот во Скопје е превземен од Reporter.mk.