Алесандра Амбросио ги отвори вратите од својот дом и ја покани екипата на Architectural Digest да ја сними куќата во која живее со своите две деца.
Имотот се наоѓа во Санта Моника, Калифорнија.
„Потекнувам од мало гратче во Бразил, а Санта Моника има слични вибрации. Морав да сум блиску до плажа, некаде каде што можам да го чувствувам и мирисам океанот. Ова е мојот рај“ – вели таа во интервјуто.
Во изминатиов период, 37-годишната манекенка работела со популарниот дизајнер на ентериери Мартин Лоренс Булард. За соработката со него, таа вели: „Мартин внесе многу боја, текстури и живот во проектот. Обожавам егзотични места, а тој знае како да оживее фантазија која е игрива и соодветна за децата. Не сакав ништо сериозно.“
На фотографиите, Алесандра позира со своите деца – Анџа и Ноа. „Постојано патувам поради работата, но кога не сум на пат, сакам да сум дома со децата“ – вели таа.
Текстот (Видео) Егзотика во домот на Алесандра Амбросио е превземен од Reporter.mk.