Македонската пејачка Елена Миленковска и оваа година се натпреварува во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Додека таа пееше, зад камерите ја бодреше нејзиниот свршеник, Александар Гуте Маринковиќ, со кого се запозна лани на снимањето на шоуто.
Елена во првиот круг ги испеа песните „Да се опет теби вратим“ од Нина Бадриќ и „Соба 23“ од Наташа Беквалац, па доби три гласа: од Ана Бекута, Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ. Бидејќи лани Елена беше во групата на Ана и сега немаше право да работи со истиот ментор, таа за новата сезона го избра Ѓорѓе Давид.
„Само да ти кажам, првата песна си ја подготвувала затоа што ја сакаш. А другата ја собра патем, како да имаше некоја песна. Тоа не смее да се случува, ниту ќе се случува“ ѝ рече Давид.
Пејачката во шоуто го покажа и свршеничкиот прстен и откри дека свадбата ќе биде во текот на следната година.
За потсетување, Елена и лани се натпреваруваше во „Гранд“. Тука се запозна со Александар со кого беше во групата кај Ана Бекута. Брзо потоа почнаа врска. Гуте ја побара Елена за жена на нејзиниот роденден по пет месеци врска.
Настапот на Елена погледнете го на 25:26 минути.
Текстот (Видео) Елена Миленковска пак пее во „Гранд“ – Свршеникот Гуте најголема поддршка е превземен од Reporter.mk.