Пејачката Емина Јаховиќ го оставила турскиот милионер Садетин Саран, пишуваат турските медиуми. Таа во изјава за новинарите кажала дека меѓу нив двајцата е готово и дека повеќе не се заедно. Негира дека причината за нивната разделба е друга жена.
„Да вистина е. Раскинавме. Садетин е завршена приказна. Се разделивме како пријатели. Не е вистина дека Дафне Самиели е причината за нашата разделба. Не ја познавам таа жена“, изајвила Емина.
Турските медиуми пренесуваат дека Садетин по разделбата паднал во тешка депресија и дека во моментов се лекува во приватна клиника во Австрија.
„Садетин во моментов се наоѓа во клиника во Австрија, каде се лекува од депресија. Голем дел од времето сака да го минува покрај езеро и базен“, открива извор близок до турскиот милионер.
Садетин објавил и фотографија на „Инстаграм“ од Австрија, со коментар: „Нашите животи се како овој пејсаж и опкружувањето во кое се наоѓаме“.
Текстот (Видео) Емина Јаховиќ го остави Садетин Саран е превземен од Reporter.mk.