(Видео) Емина Јаховиќ горда на својот син

Пејачката Емина Јаховиќ, вели дека е горда на својот син Јаман, кој има желба во иднина да стане професионален скијач и да влезе во репрезентацијата на Турција.

Емина објави видео на социјалните мрежи, на кое Јаман скија и успешно ги совладува свиоците на патеката.

„Мојот син Јаман вежба напорно за да влезе во јунорската скијачка репрезентација на Турција. Многу сум горда на тебе. Само напред“, напиша Емина на Инстаграм.

Пејачката неодамна објави во јавноста дека се разделува со турскиот милијардер Садетин Саран. Претходно беше и во брак со турскиот пејач Мустафа Сандал, со кого покрај Јаман го има и помладиот син Јавуз.

Текстот (Видео) Емина Јаховиќ горда на својот син е превземен од Reporter.mk.