По пауза од една година пејачката Магдалена Ена Цветковска се врати на македонската музичка сцена. Таа ја промовираше нејзината најнова песна „Најдоброто“. Пејачката вели дека сакала да ги изненади обожавателите за празниците со нова љубовна песна, а наскоро ќе го сними и спотот за истата. Музиката и текстот се нејзини, додека аранжаманот е на брат ѝ Лазар Цветковски.
„Станува збор за лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да ѝ ја подарам на мојата публика за Денот на вљубените. Оваа песна е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ќе бидат објавени во периодот што следи“, ни рече Ена.
Ева вели дека наскоро таа и нејзиниот тим имаат подготвени уште неколку песни, на кои таа е автор. Наскоро ќе ги снимат и музичките спотовите.
Текстот (Видео) Ена Цветковска со нова песна за Денот на вљубените е превземен од Reporter.mk.