Пејачот Енрике Иглесијас, на последниот концерт во Амстердам извлекол една обожавателка од публиката и се бакнувал со неа на сцената, а камерите го фатиле моментот и кога тој ја допирал по задникот. Додека го пеел хитот “Hero”, тие најпрвин се прегрнувале, а потоа станале уште поинтимни. Ова не е прв пат Енрике да избере една “среќна обожавателка” и да ја качи на сцената за да се бакнува со неа.
“Не го правам тоа секогаш, само кога сум расположен. Без јазик, секако. Едноставно се возбудувам кога се качувам на сцена”, рекол пејачот за “The Sun”
Освен големиот број концерти кои ги подготвува пејачот го поминува своето слободно време грижејќи се за своите деца, близнаците Николас и Луси кои ги има Ана Курникова. Ана се уште не се огласила во јавноста по повод врелите бакнежи на Енрике.
Текстот (Видео) Енрике се возбуди на концерт во Амстердам е превземен од Reporter.mk.