(Видео) Епископот ги допре градите на Аријана Гранде

Епископот Чарлс Елис за време на погребот на Арета Френклин случајно ги допре градите на младата пејачка Аријана Гранде. Епископот кој го водеше погребот, ја доведе пејачката до подиумот, а потоа кажуваше шеги за нејзиното име.

Тој рече дека нејзиното име звучи како име од менито од рестораните за брза храна Taco Bella, а потоа со десната рака ги допре нејзините гради. Непријатниот момент го забележаа камерите, па фотографиите бргу се проширија по социјалните мрежи.

Поради јавните критики и огромниот притисок, Чарлс Елис се огласи во медиумите. Поради своето однесување тој се извини во интервјуто кое го даде за „The Associated Press”.

„Немав намера да допирам гради на која било жена. Не знам, претпоставувам дека ја ставив раката околу неа и можеби ја поминав границата, можеби бев премногу слободен и пријателски настроен, но се извинувам”, рече Елис.

 

Текстот (Видео) Епископот ги допре градите на Аријана Гранде е превземен од Reporter.mk.