(Видео) Ева Лонгорија се пофали дека ослабела 20 килограми

Актерката од „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија, која пред седум месеци стана мајка, вели дека успеала да ослабне повеќе од 20 килограми.

Лонгорија изминатиот период стана цел на критики од некои фанови поради нејзината тежина. Сега таа вели дека сака да им возврати на хејтерите со тоа што успеала да ја врати својата препознатлива фигура.

Ева се пофалила  на „Инстаграм“  со видео направено покрај базенот на нејзиниот дом, а од обожавателите добила само позитивни коментари.

„Изгледаш фантастично“, „Каква убавица“, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

Hey y’all, stay tuned for what’s to come! So excited for this upcoming collab @fabfitfun 👗

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Текстот (Видео) Ева Лонгорија се пофали дека ослабела 20 килограми е превземен од Reporter.mk.