Музичкото трио „Фанк шуи“ сними акустични верзии на две свои популарни песни „Виулица/Сомнежи“ и „Улица 22“, од нивниот нов албум „Импулс“. Албумот го промовираа во април годинава, во издание на „Авалон продукција“. Тие ги изведоа двете песни во рамките на проектот за независна музика од светот, Amor por la camiseta на Хоакин Мендез Тронге.
Момците од „Фанк шуи“ изминатиот период се актуелни со свирки низ целата земја, а настапија и на фестивалот „Скопје колинг 2018“ заедно со светските ѕвезди „Морчиба“.
Текстот (Видео) „Фанк шуи“ со две нови песни е превземен од Reporter.mk.