(Видео) Фанови се журкаа на погребот на Кит Флинт

Голем број на фанови од целиот свет се одзваа на повикот на членовите на музичката група „Продиџи“ и  пристигнаа во Есекс каде за последен пат се поздравија со својот музички миленик Кит Флинт.

Погребната церемонија спонтано се претвори во голема рејв журка, откако фановите почнаа да танцуваат на музиката на „Продиџи“.

Пејачот почина на 4 март, а групата преку социјалната мрежа „Твитер“ ги повика фановите да му направат почесна стража долж патот по кој ќе се пренесува ковчегот до локалната црква во Бокинг.

Луѓе имаше дојдено од сите краишта на светот. Од цела Европа, Америка, Австралија.

„Дојдов од Прага за да му оддадам почит на Флинт, кого го сакав уште од мала“, изјави 25-годишната Мари Леличова.

Меѓу членовите на бендот кои беа поздравени од големиот број луѓе, беше и поранешната сопруга на Флинт, диџејката Мајуми Каи, која откако пејачот почина, досега не се огласи во јавноста.

Текстот (Видео) Фанови се журкаа на погребот на Кит Флинт е превземен од Reporter.mk.