Глумецот Џејсон Момоа се забавуваше на снимањето на новата серија See, „Гледај“. Момоа објави видео на „Инстаграм“ како ѝ дава колаче на мечка од уста во уста. Дел од публиката го осуди коментирајќи дека го злоставувал животното.
„Никогаш не го очекував ова од тебе. Не ми е јасно како не гледаш дека со ова го поддржуваш изживувањето на животните кои се затворени и служат како робови. Класично злоставување“, биле некои од коментарите.
Дел од фановите го пофалија. Момоа објаснил дека морал да се бори со мечката затоа што во ликот во серијата тој е слеп. „Што сè правам за уметноста“, напишал глумецот на снимката која ја виделе повеќе од милион луѓе.
Текстот (Видео) Фановите го обвинија Момоа дека се изживувал со мечка е превземен од Reporter.mk.