Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски објави заедничка фотографија со помладиот брат Филип, за кој вели дека покрај тоа што си личат, тој е талентиран и за музика. Филип на својот „Инстаграм“ објави видео на кое свири гитара и ја пее народната песна „Јовано Јованке“. Тој живее и да се школува во Австрија.
За потсетување, Кајмаковски се прослави со победата во музичкото шоу „Х-фактор“ пред пет години. Тој во 2015 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена, Австрија, со песната Autumn Leaves. Откако се ожени со Кристина и го доби синот Давид, тој се повлече од музичката сцена. Пејачот неодамна се разведе по 3 години брак и оттогаш е повторно активен на сцената.
Текстот (Видео) Филип талентиран на брат му Даниел Кајмаковски е превземен од Reporter.mk.