Анета Молика и Џими Мицевски отворија ресторан. Свеченото отворање беше пред Митровден, а Џими изјави дека „ресоранот е направен со пари од музика и затоа во него секогаш ќе има музика“. Ресторанот доби име по групата “Молика“, а на отворање беа присутни бројни познати имиња од нашата естрада.
За веселата атмосфера се погрижија „Енерџи бенд“ и Ѓоко Јовиќ, како и Татјана Стефановска, Влатко Лозановски и уште многу други колеги и соработници.
Бендот „Молика“ постои повеќе од 20 години и важи за една од најпознатите фолк состави во Македонија. Тие се многу популарни и меѓу нашинците во дијаспората, а лани наместо промоција на нивниот албум парите ги донираа во Домот за доенчиња и мали деца без родители во Битола.
Текстот (Видео) Фолк естрадата дојде кај Анета Молика и Џими на отварањето на ресторанот е превземен од Reporter.mk.