Младиот македонски фолк-пејач Живе Мешуревски сними нова песна „Не плаши се“. Автори се Борче Нечовски и Дејан Момоировски, а во спотот се појавува и манекенката Моника Јованоска. Мешуревски вели дека е задоволен од сработеното и дека се надева дека брзо ќе ја освои публиката.
„Станува збор за песна со побрз и помодерен ритам. Динамична е и певлива. Мислам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Песната се снимаше во мојата Преспа, на прекрасните локации како што се Отешево и Претор“, ни кажа Мешуревски.
Живе е студент по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тој вели дека веќе работи и наскоро планира да ја објави и својата трета песна.
Текстот (Видео) Фолк-пејачот Живе Мешуревски сними нова песна е превземен од Reporter.mk.