(Видео) „Фортисимо“ го снимија првиот спот

„Аманет“ е новата песна на фолк-групата „Фортисимо“ од Тетово. Музиката и аранжманот ги направи Бобан Мојсоски, а текстот го напиша Драган Таневски. Иако се неколку години присутни на фестивалите за народна музика и соработуваат со познати композитори и музичари, песната „Аманет“ е прва за која снимија спот. Видеото е снимено во соработка со студио „Ѓоровски“.

„Песната во себе носи една тажна приказна, но наша реалност. Таа е посветена на сите мајки кои поради туѓината се разделени од своите чеда, но ја посветуваме и на сите наши Македонци кои се далеку од својот роден крај. Спотот го снимавме во селото Галичник, пред се поради симболиката на целото ова место кое некогаш било полно со луѓе и живот, а денеска за тоа сведочат само куќите и неколкуте жители таму“, велат од бендот.

Тие неодамна ја снимија песната „Од каде ти“, но велат дека пред крајот на годината ќе  промовираат уште една песна.

Текстот (Видео) „Фортисимо“ го снимија првиот спот е превземен од Reporter.mk.