Фолк-пејачката Сузана Гавазова и „Балкан бенд“ имаат нов музички проект. Во соработка со тимот од студиото „Анастасија“, за време на празниците работеа на повеќе песни, а дел од нив веќе ги промовираа во јавноста. Тие на пролет најавија слични нови проекти.
Момците од „Балкан бенд“ нова песна и спот ќе промовираат во март, а за септември најавија промоција на албумот на кој работат подолго време.
Гавазова во моментов е актуелна со хитот „Бум бум“ и вели дека наскоро ќе има нови изненадувања за публиката.
Текстот (Видео) Гавазова и „Балкан бенд“ со нов проект е превземен од Reporter.mk.