Во бикини и марама со парички околу струкот, фолк-пејачката Сузана Гавазова учи да игра стомачни танци. Таа меша со колковите и градите, исто како професионалните танчерки, а видеата ги сподели на „Инстаграм“. Едни ја пофалија за играњето, други ѝ порачаа да повежба уште малку оти делува неспретно.
Пејачката во моментов е на летување во Сиде, Турција, антички град што се наоѓа на полуостров близу Анталија. Изминатиов период е активна со песните и спотовите што ги снима на српски јазик, а неодамна откри и дека со семејството од Швајцарија се вратила да живее во Македонија.
Текстот (Видео) Гавазова во бикини им мешаше на Турците е превземен од Reporter.mk.