(Видео) Ѓоковиќ откри како ја запросил Јелена

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, откри како ја запросил неговата сопруга Јелена Ѓоквоиќ. Новак и Јелена во интервју за американскиот новинар Греам Бесинџер, откри детали за кои јавноста досега не ги знаела.

Меѓу останатото, Новак раскажа и за моментот кога ја прашал Јелена дали сака да му биде негова сопруга. Просидбата, како што вели тој, на прв поглед, не се одвивала како што треба.

„Отидовме да се возиме со балон. Изнајмив еден балон, кој требаше да не дигне високо. Во моментот кога јас ќе дадев знак, требаше покрај нас да полета знак, на кој ќе пишува, ‘Дали сакаш да се омажиш за мене’. Проблемот настана кога балонот се запали. За среќа не беше страшно. Јелена почна да паничи“, раскажува Ноле.

„Господи, имаме дупка во балонот“, викала Јелена, додка Ѓоковиќ се обидувал да ја смири.

„Се свртев кон возачот и му реков да ми помогне. Ќе ја пропуштев можноста“, раскажа Ноле.

И Јелена ја раскажа својата приказна и како таа го доживеала тој момент.

„Тогаш здогледав друг баон кој се појави покрај нас. Си помислив дека е реклама. Си помислив, дали е тој луд, што ќе ми е реклама во овој момент. Тогаш видов убаво што пишува, се свретв кон Ноле, а тој беше на колена со прстенот во рака“, откри Јелена.

Текстот (Видео) Ѓоковиќ откри како ја запросил Јелена е превземен од Reporter.mk.