Пејачот на српската група „Ван Гог“, Ѓуле, бил погоден со шише во глава за време на концертот во Сараево. Ѓуле прво застанал неколку секунди, а потоа го прекинал настапот и ја повикал на сцената личноста што го фрлила шишето.
„Верувајте, во рокенролот е дозволено публиката да го сподели своето воодушевување со бендот. Не е ни прв ни последен пат едно шише за вода, пиво, играчка или цвеќе да долета кон бината“, рекол тој за босанските медиуми.
„Ван Гог“ во моментов го промовираат својот нов албум „Море без обала“ во сите поранешни југословенски републики. Неодамна тие беа и во Скопје, па тогаш, во интервју за „Репортер“, Ѓуле рече дека секогаш со радосат се враќаат во Македонија, оти енергијата на публиката тука е различна од сите останати земји, а и дека еден од најубавите концерти во долгата кариера на бендот бил во Македонија, односно во Вевчани за време на Вевчанскиот карневал.
Текстот (Видео) Ѓуле Ван Гог погоден со шише во глава на концерт е превземен од Reporter.mk.