Полицијата ја уапси повторно холивудската актерка Џејн Фонда на протестите за климатските промени. Фонда беше дел од топлата луѓе кои протестираа пред Капитол Хил во Вашингтон. Поддршка и беше колегата Сем Вотерстон, ѕвездата од серијата „Ред и закон“.
Од службите велат дека морале да реагираат и да ја уапсат Фонда. Ова не е прв пат глумицата да биде уапсена. Минатиот петок се случи истата ситуација, кога Фонда демонстрираше со останатите демонстранти во рамки на кампањата „Противпожарен петок“.
Фонда се пресели во Вашингтон за да се бори против климатските промени. Вели дека таа секој петок, до јануари месец наредната година, ќе протестира пред „Капитол Хил“.
Текстот (Видео) Глумицата Џејн Фонда уапсена за време на протестите во Вашингтон е превземен од Reporter.mk.