По вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, утрово нивниот кандидат Гордана Силјановска-Давкова вежбаше јога на кејот од Охридското Езеро.
Вежбите ги правеше заедно со инструктор, но и со нејзините поддржувачи кои се одзваа на поканата која вчера беше објавена на социјалните мрежи. Оваа активност е дел од кампањата која кандидатката за претседател ја спроведува во Охрид.
Силјановска-Давкова, пред почетокот активноста рече дека таа во одреден период вежбала јога цели четири години, но потоа прекинала. Таа додаде дека оваа активност ја опуштала и за неа е филозофија на живеење и тренинг за духот.
Текстот (Видео) Гога се растегна со јога е превземен од Reporter.mk.