Во костум и елегантна кошула, дотеран од глава до петици експремиерот Никола Груевски денеска ќе ја брани докторската дисертација на Економскиот факултет во Скопје. Со него во придружба се неговите две ќерки и неговата мајка Нада. Темата на докторатот е „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“. Одбраната треба да почне секој момент.
(Видео) Груевски скоцкан за докторатот
