Хрватската пејачка Северина е на одмор во Грција со сопругот Игор и со неговите родители. Таа споделува слики од патувањето, а на Инстаграм објави и видео на кое бега од неколку гуски што ја бркаат. „Не може да седиш со нас“, напиша Северина на видео што стана хит на социјалните мрежи.
Иако многумина ѝ напишаа дека брканицата со гуските ги насмеала, има и такви што го коментираа нејзиниот стил.
„Жено драга, што си облекла?“, „Гуските сакаат црвено“, „Погледни како си се облекла, соблечи се“, се некои од коментарите.
Текстот (Видео) Гуски ја бркаат Северина е превземен од Reporter.mk.