Водителката Лила Филиповска синоќа се појави како специјален гостин во третата сезона од популарната македонска серија „Преспав“. Лила на Инстаграм се пофали со два исечоци од снимањето.
Водителката има мала улога, а во една од сцените прашува дали е ова „Хотел Европа“. Лила ѝ се заблагодари на екипата за укажаната можност да биде дел од овој проект.
„Одам полека…нешто као сум многу лабава. Во вечерашната епизода на ситкомот “Перспав“ се појавувам кратко ама искуството е феноменално и благодарам на екипата за оваа можност и што бев во друштво на феноменални професионалци“, напиша Лила на Инстаграм.
„Браво Лила, дама за се. Топ си. Ние сме за да се појавиш во повеќе сцени“, комантираа нејзините обожаватели.
Од минатата недела почна со емитувањето на третата сезона од популарната македонска серија „Преспав“, а освен веќе познатите ликови на тимот му се приклучи и бугарската актерка Јана Маринова.
Текстот (Видео) И Лила глуми во „Преспав“ е превземен од Reporter.mk.