(Видео) „Инструментал бенд“ со нов спот

Македонската музичка група „Инструментал бенд“ ја промовираше песната „Очи пуне суза“.

Во спотот во главната улога се појавува учесникот на реалното шоу „Парови“ и гитарист во бендот, Никола Стојановски. Околу него танцуваат манекенки од Белград.

Текстот и аранжманот се дело на Драган Арсенијевиќ Наполеон кој е и автор на песната.

Видеото се снимаше во студиото „Музичко атеље креативен звук“.

 

Текстот (Видео) „Инструментал бенд“ со нов спот е превземен од Reporter.mk.