(Видео) Иван Ивановиќ во својата емисија ја поздрави Дравиќ за последен пат

Српскиот водител Иван Ивановиќ случајно или не само два дена пред да почине една од најголемите легенрадни југословенски актерки, Милена Дравиќ, во неговата емисија „Вечер со Иван Ивановиќ“, и упати поздрав.

Иван за гостинка ја имаше Дубравка Мијатовиќ и реши заедно двајцата да ја поздрават и пратат бакнеж на Дравиќ.

„Милена често ја гледа оваа емисија, јас тоа го знам. И ако си согласна јас би сакал двајцата да и испратиме по еден бакнеж и да и кажеме дека многу ја сакаме“, изајви во емисијата Ивановиќ.

Во морето на познати кои денеска се простија од Милена Дравиќ преку социјалните мрежи се најде и Иван, кој го постираше моментот кога ја поздрави актерката во петокот на 12 октомври.

„Изненадувачки, не знам зошто, го направивме ова со Дубравка. Можеби е случајно можеби не. Збогум Милена, поздрави го Гага“, напиша Ивановиќ над снимката од емисијата.

 

Текстот (Видео) Иван Ивановиќ во својата емисија ја поздрави Дравиќ за последен пат е превземен од Reporter.mk.