Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ѝ донесе подарок на водителката Деа Џурџевиќ за време на утринската програма на ТВ „Пинк“.
Дачиќ се обидел да ја изненади Деа со несекојдневен подарок.
Тој, на големо воодушевување на водителката, ѝ подарил рак. Деа во знак на благодарност го прегрнала министерот.
„Јас донесов подарок… каде е подарокот?“ прашал Дачиќ, а потоа едно момче ѝ предаде стаклен сад на водителката.
„Поради тоа што си рак во хороскоп, јас ти купив еден рак“, ѝ објаснил Дачиќ на водителката, која не го криела своето воодушевување од ваквиот гест.
„Навистина? Навистина добив рак! Морам да те бакнам. Тој мора да се вика Ивица. Ова е неверојатно. Ова е најоригиналниот подарок досега“, изјавила воодушевено водителката.
Текстот (Видео) Ивица Дачиќ на водителката ѝ подари рак за роденден е превземен од Reporter.mk.