Деветтиот филм на култниот режисер Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“ (Once upon a time in Holywood) својата премиера ќе ја има на крајот на јули, а сега е објавен првиот тизер трејлер.
Филмот раскажува приказна од 1969 година од Лос Анџелес, во времето на убијците на Чарлс Менсон, каде се’ се менува, а телевизиската ѕвезда Рил Далтон (Леонардо ДиКаприо) и неговиот долгогодишен дублер Клиф Бут (Бред Пит) се обидуваат да го најдат местото во индустријата која повеќе не ја препознаваат.
Во филмот глумат и Маргот Роби, Курт Расел, Ал Пачино, Тим Рот и Мајкл Медсен.
Текстот (Видео) Излезе првиот трејлер за „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино е превземен од Reporter.mk.