Деветтиот филм од сагата „Војна на ѕвездите“ ќе биде објавен во декември во кино-салите и ќе биде насловен како „The Rise of Skywalker“, објави „Франс прес“. „Овој филм е за оваа нова генерација и за она што тие го наследиле, светлината и темнината“, изјави на сцената режисерот на деветтата епизода, Џеј Џеј Абрамс, чие дело беше и седмата епизода, „The Force Аwakens“. „Но, дали се подготвени во време кога тие се соочуваат со ова најголемо зло?“, додаде Абрамс по емитувањето на двоминутниот трејлер.
Видеото започнува со Реј (Дејзи Ридли) и пустински пејзаж. Младата жена извлекува ласерски меч од нејзиниот ремен, а во нејзината глава го слуша Лук Скајвокер (Марк Хамил). „Ние предадовме сè што знаеме. Илјадници генерации сега живеат во тебе. Но, тоа е твојата битка”, вели џедајот, додека Реј се соочува со вселенското летало, кое се движи позади неа.
Трејлерот завршува со познатата насмевка на царот Палпатин, кој заедно со излегувањето на актерот Иан Мекдермод на сцената во Чикаго, создадоа очекувања, дека негативецот може да се врати од задгробниот живот. Акцијата во новиот филм не се случува веднаш по настаните од осмата епизода „The Last Jedi“ во 2017 година. Ќе има и сцени со Кери Фишер, која ја играше принцезата Леа и која почина во 2016 година.
Текстот (Видео) Излезе трејлерот од деветиот филм „Војна на ѕвездите“ е превземен од Reporter.mk.