(Видео) Јане утре оди на операција, УЕФА го објави новото видео со него

Деновиве УЕФА почна да го прикажува новото видео со светските фудбалери, на кое е и десетгодишниот Јане Велковски, кој боледува од мускулна спинална атрофија(СМА). Јане, за кого раскажа и УЕФА,  утре заминува на операција. Неговата мајка го објави видеото и напиша:

„Да ви се пофалам со мојот мал борец Јане, кој утре ќе има операција, а неговото ново видео ги врти европските стадиони“, објави Велковска.

УЕФА ја објави сторијата за момчето во количка кое живее за фудбал. Неговиот инвалидитет не го спречува да игра фудбал. Тој е прв на игралиштето кога неговите другари одат да играат и тој е последната линија на одбрана во неговиот тим бидејќи игра на голот. Во Европската фудбалска федерација на Јане гледаат како на вистинска  сензација во Македонија. Неговата популарност почна да расте кога за првпат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни. Но, една фотографија од УЕФА суперкуп-натпреварот во Скопје неколку месеци подоцна, која беше вистински хит на социјалните мрежи и во локалните медиуми, навистина го привлече вниманието во земјата.

 

Whether you're a #UCL star 🌟Or playing with your friends 🤜🤛It doesn't matter 🤷‍♂️🤷‍♀️Football is for everyone ❤️#EqualGame 📲 EqualGame.com

Gepostet von UEFA am Dienstag, 18. September 2018

Текстот (Видео) Јане утре оди на операција, УЕФА го објави новото видео со него е превземен од Reporter.mk.