Дадилката која ги чувала децата на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Вера Хорват во интервју за српските медиуми изјавила дека пејачката се иживувала над неа од моментите кога во јавноста избила аферата со Огњен Врањеш.
„Цели десет години работев во семејството на Карлеуша. Пристигнав како дадилка, а по неколку години станав и домашна помошничка. Атина имаше осум месеци кога почнав да се грижам за неа, а тогаш се роди и Ника, па продолжив да ги чувам двете. Кога не можев самата, ја донесов и мојата сестра Каја и заедно водевме сметка за семејството. Мајката на Јелена Дивна, која секогаш ја ценев и почитував, ме препорача кај Јелена. Мојата сестра и јас многу ги сакавме ќерките на Карлеуша и тешко ни падна што повеќе не можеме да ги видиме. Но, од јануари откако почна аферата со фудбалерот, се создаде неиздржлив притисок. Се обидувавме да не обрнуваме внимание, но сите работи се прелеаа на нас. Испадна дека јас и мојата сестра сме главни виновници за сè“, вели Вера за српските медиуми.
Вера детално ги опишала навредите кои ги трпела од пејачката.
„Во последно време сè и претставуваше проблем. Ако не се расположени, сè префрлаше на нас. Нејзиното непочитување ја надминуваше секоја мера. Го знаевме своето место, но не сакавме да бидеме робови поради нејзиното лошо однесување. Конкретно, имаше голем број на непристојни зборови. „Јас кога некого плаќам, ако не ми се допаѓа што работи го бркам“. Тоа не повреди. Постојано имаше притисок. Напнатост, препукување. Одеднаш сè почна да и смета. Што и да направевме, ништо не вредеше. Повредени сме и разочарани што за сите овие години лојалност добивме за возврат непочитување. Карлеуша завзема дрзок став и тоа беше неиздржливо“, вели Вера.
Текстот (Видео) „Јас те плаќам, ќе правам што сакам“, дадилката за навредите од Карлеуша е превземен од Reporter.mk.